СДСМ:ЕУ и САД ни покажуваат колкава е одговорноста на политичарите

 
Социјалдемократкиот сојуз на Македонија во име на граѓаните на Македонија изразува благодарност до САД и до ЕУ, кои во духот на традиционалното пријателство продолжуваат да ги поддржуваат стратешките интереси на Република Македонија.

Јасно изразената поддршка од САД на демократските процеси во Македонија и на евро-атлантските интеграции на земјата е од огромно значење за граѓаните на Република Македонија и за просперитетна иднина на државата.

Демократските реформи, владеење на правото, целосно имлеметирање на Договорот од Пржино, интеграции во НАТО и ЕУ, што Стејт департментот ги посочи како важни за нашата држава, се волја и на мнозинството граѓани на Македонија, јасно изразена на парламентарните избори во земјава.

Овие пораки што доаѓаат од САД и од Европската унија покажуваат со колкава одговорност се соочуваат политичките субјекти во Македонија во овој период кога се носат клучните одлуки за иднината на државата и за форматот и приоритетите на идната Влада, бидејки се одредници во кој правец ќе продолжи да се движи Република Македонија-се вели во реакцијата на СДСМ по јасно искажаната поддршка на амбасадорот Бејли кој ги застапува интересите на САД и поддршката на патот на Македонија кон евроинтеграциите.