СДСМ:Заев зборува за живот, Груевски за смрт

 

Последните закани за насилство од обвинетиот за насилство Никола Груевски само ги покажуваат неговите очај, страв и паника. Граѓаните на Македонија се пред многу јасен избор-се вели во реакцијата на СДСМ по изјавата на Груевски на митинг во Делчево каде се повика на Ќосето за раскрстување на таквите како Заев.

,,Заев зборува за плати, Груевски се заканува со насилство!

Заев повикува на обединување, Груевски шири омраза и поделби!

Заев се гордее со идеалите на социјдемократот Гоце Делчев, Груевски го сквернави неговото име сo закани за ликвидации!

Заев зборува за план за подобар животен стандард на граѓаните, Груевски крои план за бегство од Македонија!

Заев зборува за живот, Груевски за смрт!

На 11 декември ќе се разбуди животот во Македонија.

Нарачателот и одговорниот за насилство Груевски и за овие и за сите други злосторства против граѓаните и имотот на Република Македонија ќе одговара пред судството, кое по 11 декември ќе биде независно.

Овие избори се историски. Секој треба да излезе на 11 декември и да избере повисоки плати, достоинствени работни места, институции во служба на граѓаните и правда за сите,,- се вели во реакцијата на опозициската партија.