СДСМ:Продолжуваме со мирното и легитимно преземање на власта

 

,,Парламентарното мнозинство согласно Уставот, законите и Деловникот, во легална и легитимна процедура, на мирен начин, пред целата македонска и светска јавност, избра нов претседател на Собранието.

Изборот беше поздравен од нашите стратешки партнери САД, од ЕУ и од целата демократска јавност.

Сега Трајко Вељаноски треба да му ја предаде функцијата и да продолжат демократсите процедури со давање на мандатот за состав на нова Влада.

Парламентарното мнозинство е одлучно за воспоставување на функционални институции, демократија и правда во Република Македонија.

Насилието во Парламентот, поттикнато од Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски, Митко Чавков и група нивни соработници со цел спас од одговорност за сторените криминали и злодела, вклучително и на оние во Собранието со напад на пратеници, новинари, вработени во Собранието не смее да се повтори. И за тоа ќе има одговорност.

Останавме смирени и присебни во целиот период на провокации и насилство и покажавме како се мисли на државните интереси и како се сака Македонија.
Така ќе биде и во следниот период.

Повикуваме никој да не подлегнува на сценаријата на Груевски кои имаат за цел застранување од демократските процеси и ЕУ и НАТО интеграциите.

Граѓаните на 11 декември гласаа за својот живот во Македонија и наша должност е тоа да им го овозможиме. По изборот на собраниски претседател ќе следува и избор на новата реформска Влада на граѓаните.“-соопштение на СДСМ.