СДСМ:Сиљановска е транзициски профитер и симбол за непотизам

,,Факт е дека Сиљновска кога била министерка во првата политичка Влада од независноста, во деведесетите години, нејзиниот сопруг добил бизнис со фри-шоп.

Сиљановска во интервју на Сител телевизија призна дека фри шопот постоел.

Сиљановска воопшто не е „симбол на правото и правдата“ туку типичен пример на транзициски профитер и симбол за непотизам и злоупотреби.

Во тоа време Сиљановска наидува на жестока критика токму од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

За ВМРО-ДПМНЕ таа преставувала узурпаторка на функцијата и транзициска профитерка, како што била опишувана во собранието во 1994 година.

Меѓу нив се и тогашните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Михаил Пановски и Александар Флоровски.

Граѓаните нема да дозволат нечесни и неискрени личности, симбол за непотизам и злоупотреби, залутани во политиката да застанат на чело на државата.

На 5-ти мај граѓаните ќе упатат јасна порака, ќе одберат напредок, сигурна иднина, чесен и искрен човек, ќе го изберат Стево Пендаровски за претседател!“-(Соопштение на СДСМ)