СДСМ активно за изборите во Теарце, другите партии молчат

СДСМ вечерва во 18 часот во ОУ,,Кирил Пејчиновиќ,,  во Тераце одржува средба со граѓани пред повтореното гласање во недела на 25 декемри. Управниот суд ја уважи тужбата на оваа партија за изборни нерегулаорности на избирачко место 2011, а ДИК направи симулација дека прегласувањето може да има влијание врз резултатите, по што и официјално беше прогласено повторување на гласање на ова избирачко место.

ВМРО ДПМНЕ објави дека нема да учествува на прегласувањето и нема да ги признае резултатите. Филип Петровски кој се уште е актуелен Директор на Државен архив, функционер на ВМРО ДПМНЕ, на Твитер напиша дека добро било што барем еден ден биле во опозиција за да се освестат малку и најави некои нови барикади.

Мендух Тачи во меѓуверем даде неотповиклива оставка од функцијата Претседател на ДПА по изборниот дебакл.

ДУИ и Беса, кои исто така имаат солиден број гласови во Теарце, барем отворено не држат средби или агитации за гласање во недела.