СДСМ бара итно распуштање на Парламентот

Пратеничката група на СДСМ поднесе иницијатива во Собрание на РМ за итно распуштање на Парламентот. Координаторот на пратеничката група Горан Сугаревски ги повика пратениците на ВМРО ДПМНЕ да не го сопираат спроведувањето на договореното од Пржино и да не бегаат од избори на 11-ти декември. Секое одложување на распуштањето, ќе значи и пролонгирање на одржување на изборите.

И Павле Трајанов од ДС се придружи кон иницијативата.