СДСМ бара и предлага итни мерки за намалување на загадувањето

Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ, побара во име на неговата партија и на граѓаните, како што рече, итни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје.

,,Вчера во Скопје беше измерено рекордно ниво на загадувањето на воздухот. Речиси 25 пати над дозволеното. Загадувањето на воздухот трае многу подолго од законски дозволените 10 дена, после кои  властите се обврзани да преземат мерки. Ниту градската, ниту централната власт до сега немаат преземено апсолутно ништо. Ги нема ниту денеска, кога скопјани го дишат најотровниот воздух. Од сите злодела на режимот на Никола Груевски и Коце Трајановски, негрижата за труењето на своите граѓани е едно од најголемите. Тоа е еднакво на геноцид“-рече Манчевски.

,,Режимот на Никола Груевски заврши. Во мај ќе заврши и узурпацијата на Коце Трајановски на градоначалничката функција во Скопје. Новата Влада на граѓаните веднаш ќе се зафати со решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, преку:

• гасификација на Скопје
• обезбедување на финансиски средства за бесплатен јавен превоз во деновите на екстремно загадување
• субвенционирање на обновливи извори на енергија и греење за граѓаните
• воведување на посебни сообраќајни режими
• субвенционирање на енергетска изолација на постоечките објекти
• субвенционирање на велосипеди за граѓаните на Скопје-рече Манчевски.

Фото: поглед од Водно кон Скопје кое е целосно под магла