СДСМ бара МВР да го расчисти инцидентот во Драчево

Очекуваме полицијата да го расветли инцидентот во село Драчево, во кој со камења е искршен штабот на оваа партија.

Искршени се надворешни стакла. Според информациите од теренот, тоа се случило рано утрото, по полноќ.

Случајот е пријавен во полиција и во моментов се прави увид.

Порачуваме дека ваквите инциденти не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија. Така избраа граѓаните. Ќе живееме во праведно и правично општество каде секој кој го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара-се вели во реакцијата на СДСМ.