СДСМ ветува ,,ослободување” на партискиот музеј

,,Ќе го ослободиме партискиот музеј на обвинетиот Груевски од лажните херои”- рече пред Музејот на жртвите на комунизмот Петре Шилегов од СДСМ, ден по одбележувањето на 75 годишнината од почетокот на Востанието и почетокот на антифашистичката борба во Македонија.

,,Денеска се наоѓаме пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност за кој се потрошени повеќе од 17 милиони евра, пари на граѓаните, а во него воопшто ги нема клучните датуми и ликови од македонската борба за државност и самостојност”!-рече Шилегов.

,,Воопшто не се спомнува 11 октомври, кој вчера го славевме како ден на народното востание и борбата против фашизмот. Ги нема првоборците од 1941, првите партизански одреди, клучните битки во НОБ, во кои партизаните и партизанките се изборија за македонската држава.

Од музејот се избришани создавањето на македонска народноослободителна војска, Февруарскиот поход, првите органи на народната власт.

Оваа зграда не е Музеј на македонската борба за државност!

Во оваа зграда антифашистите се претставени како крвници, а фашистите и нивните соработници како жртви на комунизмот.

Во оваа зграда нацистичкиот слуга Ванчо Михајлов е претставен како херој, а се негираат вистинските херои од НОБ пожртвувано се бореа и се изборија за слобода и држава со име Македонија.

Во овој музеј нема место ни за клучните политички фигури кои се изборија без капка крв за самостојна Република Македонија!

Во името на сите комити, партизани и политичари кои се бореа, се изборија и ја изградија македонската држава, во името на правдата, во името на вистинската историја на Македонија, ветуваме дека по 11 декември ќе го ослободиме партискиот музеј на обвинетиот Никола Груевски од лажните херои и од лажната историја”-се вели во изјавата!