СДСМ ветува 13-та плата за секое семејство

 

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов како носител на пратеничка листа во ИЕ 6 во Тетово ги презентираше мерките за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Тој рече дека се предвидуваат долгорочни реформи и мерки со кои се очекува во првиот мандат на крајот на секоја година секое семејство да добие 13-та плата, а на ктајот на мандатот просечната плата да биде 30 ооо денари.

 

Тој зборуваше и за сопирање на процесот на иселување на младите, намалување на невработеноста и давачките на граѓаните кон државата.