СДСМ влегува во ,,дворот” на ДУИ

Со табла и натпис на македонски и албански, СДСМ се подготвува да отвори партиско седиште во Чаир. Трајче Неделковски, член на партијата, вели дека ова е резултат на зголемената заинтересираност на граѓаните од различни заедници за членство, особено од етничките Албанци.

Џеват Исени, новиот член на СДСМ ја објаснува причината зошто се зачленил во оваа партија:

„Горд сум што се зачленив во седиштето на СДСМ, кое ќе функционира на двата јазика, за да му кажеме на народот дека албанскиот јазик ќе се употребува и во СДСМ“, изјави Џеват Исени – член на СДСМ

Го прашавме Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, дали поставувањето на двојазичната табла во новото седиште во Чаир е чекор за придобивање на албанскиот електорат.

ВМРО – ДПМНЕ во врска со отворањето на седиштето на опозицијата во Чаир, кое ќе функционира двојазично, одговори дека и тие како партија им посветуваат огромно внимание на меѓуетничките односи.

„ВМРО-ДПМНЕ посветуваше и посветува огромно внимание на меѓуетничките односи. Само со соживот на повисоко ниво и со напорна работа можеме да градиме подобра иднина за сите нас“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ

Најголемата опозициска партија СДСМ, во последно време и соопштенијата ги објавува и на албански јазик, што претставува новина на политичката македонска сцена. Од оваа партија истакнуваат дека свеста кај граѓаните е зголемена, а политичката определба не зависи од етничката припадност во една мултиетничка држава како што е Македонија.

http://tv21.tv/mk/?p=104549