СДСМ: ВМРО ДПМНЕ-садистичка злоупотреби несреќен случај

ВМРО-ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува дури и несреќен случај кој за чудо завршил без човечки жртви, реагираат од СДСМ.

,,Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува ова садистичко однесување на ВМРО-ДПМНЕ.
Министерството за земјоделство веќе ги демантирше лагите и конструкциите изнесени на порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот.

Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од министерот и со тоа законски управувало со возилото.

Второ, деталите за несреќата се објавени во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ дека не се.

Срамно, ниско и недозволиво е поигрување со човечки животи и злоупотреба на несреќен случај за политички манипулации со јавноста. Граѓаните го прочитаа ВМРО-ДПМНЕ одамна, а на вакавите конструкции и манипулации никој повеќе не верува.

ВМРO-ДПМНЕ е без политички компас, без ставови за клучните прашања за државата, без идеја, програма и визија“-стои во соопштението на оваа партија.

Претходно, ВМРО ДПМНЕ објави фотографија од демолирано возило во тешка сообраќајна несреќа, која, според нив, ја направило лице од кабинетот на министерот за земјоделство, хонорарно ангажирано.

,,Ја разбираме улогата која ја има Центарот за комуникации на СДСМ да ги пере сите злоупотреби, криминали и манипулации на нивните институции и министри но не ја оправдуваме бидејќи тоа ги прави соучесник во криминалната банда која раководи со државата. Што се однесува до самиот случај на уништување на службено возило од Министерството за земјоделие, ВМРО-ДПМНЕ не реагира за трагичниот настан ниту пак сака да го злоупотреби, туку реагира на арамилукот, и аздисаноста на кадрите на СДСМ.

Оттука треба министерот Николовски да одговори:

-Зошто се криеше случајот цел еден месец од јавноста, што барал неговиот член на кабинет вон работно време со службено возило, како му било дадено службено возило на човек кој бил вработен на определено време и кој ќе ја плати материјалната штета од уништувањето на тоа возило?“-се вели во новата реакција на ВМРО ДПМНЕ.