СДСМ ги започна консултациите за конститутивна седница и претседател на Парламент

,,Единствените пречки во овој момент во Македонија се токму Ѓорге Иванов и Никола Груевски. Ѓорге Иванов треба да престане со одолговлекување бидејќи на тој начин го штити Никола Груевски и криминалното раководство од спроведување на волјата на мнозинството граѓани во државата,а тоа е да се основа нова реформска европска влада. Што побргу го додели мандатот, толку побргу ќе се стабилизира Македонија“-рече портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

,,Најавивме дека во текот на оваа недела, со партиите кои го претставуваат владиното мнозинство, дека  ќе извршиме консултации за да се продолжи конститутивната седница на Собранието на Р.М. Штом за тоа ќе имаме созреана информација за споделување со јавноста, тогаш ќе ја споделиме“-додаде тој..