СДСМ ги објави донаторите за изборната кампања

СДСМ го објави финансискиот извештај за приходите и расходите за изборната кампања во периодот од 10.11 до 30.11.2016 година.

Според она што може да се види, на листата на донатори се главно членови на партијата и кандидати за пратеници .

Меѓу најголемите донатори се Радмила Шеќеринска со 120.000 денари, Лидија Тасевска 180.000, Јагода Шахпаска 135.000 денари, потоа Бетиане Китев 184.350 денари, Томислав Тунтев 180.000, Рената Десковска 180.000,Ѓулумсер Касапи 184.000 и т.н.

На листата донатори има вкупно заведени 194 донации , но некои се јавуваат по неколку пати со различна донација.

Најмногу пари се достасани врз основа на членарина, а најмногу се потрошени за трекламна кампања 8.195.252.00 денари.

Денеска е законскиот рок за доставување на извештаите на партиите до ДИК за финансирање на кампањите досега.

Во продолжение во ПДФ формат е документот за сите донатори на кампањата на СДСМ.

finansiski-izvestaj-za-prihodite-i-rashodite-na-ziro-smetkata-za-izborna-kampanja-za-period-od-10-11-2016-do-30-11-2016

Финансискиот извештај за приходите и расходите на жиро-сметката за изборна кампања за период од 10.11.2016 до 30.11.2016 година може да се види на линкот тука.