СДСМ ги чека официјалните резултати од ДИК

 

 

,,Мнозинството граѓани на Македонија, одлучно, храбро, сплотено како никогаш досега на вчерашните избори избра промени!-рече шефот на изборниот штаб на СДСМ Дамјан Манчевски.

,,Има се уште пребројувања на гласовите. Резултатот потврдува само едно:
Режимот на Груевски е поразен.

Времето на политичари како Никола Груевски заврши.
Граѓаните избраа живот.

Граѓаните вчера избраа подобар живот. Граѓаните избраа правда. Македонија гласаше за институции на и за граѓаните.

Граѓаните ќе си ја вратат државата во свои раце.

Почитувани граѓани,
Испишуваме историја не само во државава, не само во регионални, туку и во светски рамки.
Поразивме режим – со пенкало, со глас!

На сите вас граѓаните сакаме да ви се заблагодараме што сте дел од овој процес за изградба на нова, светла, просперитетна Македонија. Македонија којашто отвора иднина за младите луѓе во оваа земја и за секој човек. Во следниот период, сите, и оние кои беа принудени да го дадат својот глас за режимот, ќе ја почувствуваат слободата.

Се покажа тоа што го велевме цело време, дека секој е важен.

Она што е многу важно, е секој да остане посветен на овие процеси што ги отворивме од вчера за добар живот во Македонија и за напредок на Република Македонија,,- кажа Манчевски на прес конференција.