СДСМ го обвини ВМРО ДПМНЕ за провокации во Вевчани

ВМРО-ДПМНЕ свесно го носи народот во опасност, провоцира и подгрева тензии во Вевчани, реагира СДСМ по денешната акција на полицијата во Вевчани откако дел од жителите решија да не го почитуваат претходно постигнатиот договор за неодржување на карневалот.

,,Јавноста денеска уште еднаш беше сведок на неодговорно, незрело однесување на ВМРО-ДПМНЕ кое провоцира, подгрева тензии и делува опасно по јавното здравје.

Група активисти, предводени од претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани започнале провокации кон припадниците на МВР, кои интервенирале при прекршувањата на мерките за заштита на здравјето

ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани намерно предизвика инцидент, а преку порталите под контрола на белиот дворец се обидува да ја подгрева јавноста преку тенденциозни и несоодветни споредби со настаните од 1987 година.

Уште еднаш на дело се покажа неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и очајната состојба во која се наоаѓаат.

Свесно ги носеа жителите на Вевчани во опасност, провоцирајќи и поттикнувајќи поделби меѓу граѓаните. Не проаѓа тоа.

Апелираме до сите граѓани, да останат смирени, да не подлегнуваат на провокациите од белиот дворец и да продолжат да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот“-се вели во соопштнието на оваа артија

ВМРО ДПМНЕ пак реагира:

,,Кога Владата за своите во Штип е ,,мајка”, а за народот во Вевчани ,,маќеа”.Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада. Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ…

Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта“-пишува претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски.