СДСМ го презентираше економскиот план пред Стопанска комора

СДСМ има намера целосно да се посвети на решавање на економските проблеми , со акцент на развој и помош на домашните претпријатија, -рече Заев по средбата со раководството на Стопанска комора.

,,Денеска имавме навистина голема чест, дел од раководните структури на Стопанската комора на Македонија да овозможат време, во неработен ден, да им ја презентираме нашата економска програма, решенијата со коишто Македонија има намера да се посвети во функција на решавање на економските проблеми во ова наше општество.

Имавме што да кажеме, но имавме и што да научиме. Овде се деловни луѓе кои даваат плати, обезбедуваат даноци за државата, но и се двигатели на севкупниот развој во нашата економија,,.

,,Периодот што доаѓа пред нас секако доколку ја добиеме честа и одговорноста да ја водиме државата претставува една можност идната Влада да користи сериозен капацитет којшто ќе биде од помош на севкупниот развој во Македонија.

Јас сум убеден дека ние политичарите можеме многу да научиме од деловната заедница.

Драго ми е што имаме инкорпорирано еден значаен дел од проблематиките коишто го тиштат бизнисот и деловната заедница во Македонија како би можело побрзо да се изнајдат решенија заради тоа што решенијата во бизнисот значат и решенија во Македонија.

Успешен бизнис значи нови работни места, значи повеќе пари во буџетот и значи севкупен економски развој и општа благосотојба во Македонија,,-реше Заев.