СДСМ: Груевски е дефакторизиран!

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ доцни два месеца со денешното соопштение.
За Никола Груевски, се беше прифатливо додека молеше да го состави парламентарното мнозинство-реагира СДСМ.

,,Сега кога мора да се помири дека тој е дефакторизиран, дека ја загуби власта затоа што околу 700.000 граѓани се изјаснија против неговите деструктивни, штетни, себични, криминални политики, наоѓа изговори за продлабочување на кризата.

Тоа што тој го прави се потези на очаен политичар кој знае дека демократските процеси носат живот за сите, а не само за неговата фамилија, поради што нема да има повеќе контрола врз животите на граѓаните и кој за злоделата што ги правел ќе мора да понесе одговорност.

Затоа раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема морално право да зборува што е добро за граѓаните и за државата, што ги осиромаши, изолираше и ги уништи за лични цели.

Мнозинската волја на граѓаните е промени. Груевски и неговите соработници мора да се повлечат од провокациите и насилството што го поттикнуваат и да дозволат мирен трансфер на власта.

Лаги повеќе не поминуваат. Само концептот Едно општество за сите може да ја сочува унитарноста на државата со којашто се коцка несериозното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Следен чекор во демократските процеси во Македонија, што се незапирливи, е Ѓорге Иванов да го даде мандатот на претседателот Зоран Заев кој ќе ја формира новата Влада на граѓаните на Р.Македонија“-се вели во соопштението на СДСМ.