СДСМ: Груевски и Иванов да се повлечат и да го дадат мандатот согласно Уставот

Уставот обезбедува многу јасни решенија за излез од политичката криза-велат во СДСМ.

,,Ѓорге Иванов мора да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата Влада во Р.Македонија.

Никола Груевски има изгубено контакт со реалноста затоа е во заблуда дека тој е поважен од Уставот на Р.Македонија.

Неприфатливо и недозволиво е Груевски да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја загуби власта.

Недозволиво е и од страна на Иванов, само за да го спаси Груевски да одговара за неговото криминално работење, да го крши Уставот и да ја пролонгира политичката криза на штета на граѓаните.

Ако Иванов и Груевски навистина ја сакаат Македонија како што велат, тогаш тие би го почитувале Уставот и ќе се повлечат.

Граѓаните во Македонија не сакаат нови парламентарни избори!

Тие веќе го поддржаа концептот едно општество за сите. Тие сакаат да живеат заедно, без поделби, во правна држава којашто обезбедува квалитетен живот за сите“-стои во соопштението на оваа партија.