СДСМ: Груевски почна да се крие и зад мали деца

Социјал демократскиот сојуз на Македонија најостро ја осуди злоупотребата на мали деца во политички цели.

,,Малку им беше на Никола Груевски и на поттикнувачите на активности со етничка позадина што вознемируваат граѓани со лажни вести и изнесуваат ученици на протести, сега почнаа да користат и неколкугодишни деца!

Како што може да се види на објавените фотографии, на деца од неколкку години им се даваат чоколади и им се наложува што да цртаат!

Повикуваме да престане ова недозволиво, несовесно, безобразно и непресметливо однесување на Груевски и неколкумина негови соработници кои во очаен обид за одбрана од криминалните решиле да се кријат зад мали деца изнесени на улица!

Порачуваме дека многу брзо Македонија ќе биде правна држава и во неа ќе се почитуваат слободите и правата на сите граѓани. За сите злоупотреби ќе има одговорност“- се вели во реакцијата на СДСМ.