СДСМ: Дали Силјановска ги лаже битолчани кога тврди дека нема да го почитува Преспанскиот договор

,,Помина еден ден, кандидатката на Мицкоски го смени ставот.

На телевизија Телма тврдеше дека Преспанскиот договор е согласно со Уставот и ќе го почитува, на митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Битола дека не е.

Поминаа само неколку дена, Гордана Сиљановска си го покажа лицемерното лице.

Се покажа, Сиљановска не е чесна пред граѓаните.

Кога лаже Сиљановска? Наутро кога вели дека нема да го почитува Договорот и уставното име Северна Република Македонија или навачер кога самата се негираше?

Исто како и Мицкоски и Сиљановска едно зборува а друго прави“-реагира СДСМ.