СДСМ добиле поддршка од Хан и европратениците за формирање Влада и ветување за преговори со ЕУ

Ние ќе ги отстраниме сите пречки кои Иванов ги измислува и поставува, ќе му доставиме преку собранието барање повторно да го додели мандатот, но тој не смее повеќе да го кочи процесот на стабилизација на државата. Остануваме на нашето барање Иванов да го даде мандатот. Тој има церемонијална улога и тоа мора така да биде-рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по средбата со Јоханес Хан.

,,Процесите мора да се забрзаат, секој ден е изгубен за граѓаните на Македонија. Ние остануваме внимателно да ги насочуваме демократските процеси за излез од оваа криза. Еврокомесарот и европратениците се подготвени по формирањето на нова влада да ни помогнат да ги забрзаме и преговорите за ЕУ.

Се надевам дека сите политички партии ќе имаат чувство за сериозноста на ситуацијата. Со блокирање на процесите нема да излеземе од кризата и ние тоа нема да го дозволиме.

Додека не ,,дриблаа“ дека некој е на пат па не може да дојде на координација, па беше проблем бројот на членови на комисија, па сега бараат претседател на комисија. Нека ги кажат на пленарна седница своите аргументи ние своите, па со гласање ќе одлучиме. Потоа ќе преминеме кон избор на претседател на Собрание. Нема да дозволиме некој постојано да се вади и да измислува и да ги блокира процесите. Имаме трпение, но одлуки мора да се носат. Граѓаните немаат веќе трпение“-изјави Заев по средбата со Хан.