СДСМ е транспарентна за разлика од мрачните и тајни преговори на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељаноски остануваат заробени во сопствената политика на затвореност, тајност, манипулација и лажење на граѓаните-одговори СДСМ на критикит на ВМРО ДПМНЕ во врска со најават за договор за добрососедство со Бугарија.

,,ВМРО-ДПМНЕ ги погази државните и национални интереси и ги изневери граѓаните кога тајно преговараше и се договараше за промена на името, што се докажа и од материјалите објавени во проектот „Вистината за Македонија“. Преку постојани блокади на демократските реформи и евро-атлантските интеграциски процеси, ВМРО-ДПМНЕ 11 години работеше против државните и национални интереси.

За разлика од тајните преговори што ВМРО-ДПМНЕ ги водеше со соседите, Владата предводена од СДСМ е максимално транспарентна и секоја политика, секој нејзин потег е и ќе биде на увид на граѓаните.

Се што прави новата Влада предводена од СДСМ на домашен и меѓународен план, е во интерес на надминување на отворените прашања и подобра иднина за државата и граѓаните, во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи, и во целосна заштита на државните и националните интереси“-се вели во соопштението на СДСМ.