СДСМ зад затворени врати ги утврдува листите за пратеници

СДСМ до последен момент ги држеше во тајност изборните листи за пратеници, но сега од она што може да се види од предлог листите кои зад затворени врати ќе ги разгледуваат делегатите на конгресот, станува збор за шаренолики кандидати за пратеници.

Извесно е дека се утврдени носителите и тоа во првата изборна единица Стево Пендаровски во име на Коалиција со граѓани, во втората генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски, во третата Љупчо Николовски, актуелен дополнителен заменик министер за земјоделство и шеф на кабинетот на Заев, во четврата лидерот на СДСМ Зоран Заев, во петтата ИЕ заменик претседателот Радмила Шеќеринска и во 6 ИЕ портпаролот на партијата Петре Шилегов.

На кандидатските пратенички листи се најдоа и познати граѓански активисти претежно учесници во Шарена револуција, Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ, Ѓулумсер Касапи, Ирена Стефковска, Ферид Мухиќ и други.