СДСМ: Илија Димовски ги уништи професионалните медиуми

СДСМ го повика Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ да не попречува формирање нова Влада и да се појави на своето работно место во Собрание , место да бега. Тој најмалку смее да зборува за медиуми, бидејќи посветено работеше на нивно уништување изминатите десет години, е пораката од социјалдемократите, по неговата прес конференција на која зборуваше за тенденциозност на СЈО за да ја уништи телевизијата на Саед Кочан кој се наоѓа во бегство.

,,Илија Димовски не може да зборува за медиумите и за судството, бидејќи токму ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години посветено работеше на уништување на професионалните медиуми и против независна судска власт.

Наместо да зборува за прашања за кои со своите политики им наштетија на граѓаните, Илија Димовски треба да прифати дека ВМРО-ДПМНЕ е опозиција, да ја исполни својата должност, како пратеник да биде присутен во Собранието, и да не се обидува по налог на Груевски да ги попречува демократските процеси.

Независност на медиумите и професионално судство овозможува Програмата на новата реформска Влада.

Огромното мнозинство од 700 илјади граѓани избра промени. Ќе има и конститутивна седница, и мандат за составување Влада и нова реформска Влада на граѓаните на Македонија“-се вели во реакцијата на СДСМ.