СДСМ: Им благодариме на народните херои и учесниците во НОБ

Од вкупно доделени 1.322 одликувања на територијата на поранешна Југославија, со орденот „Народен херој на Југославија“ се одликувани 66 лица родени во нашата земја, учесници во НОБ. Од нив 44 загинале за време на војната, потсетува СДСМ објавувајќи ги фотограиите на народните херои.

66 Народни херои на НОБ

Последните живи народните херои од Македонија починале во 2013 година (Атанас Забазноски и Мара Нацева).

Најмногу народни херои – 14 има од Прилеп и Прилепско.

Фана Кочовска – Цветковиќ (27 јули 1927 – 17 април 2004), била најмладиот народен херој на Југославија.

Во 1945 година биле прогласени првите борци од Македонија за народни херои: Мирче Ацев, Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу.

На 29 ноември 1953 година биле доделени последнитe одликувања „народен херој“ на борци од Македонија.

Ви благодариме за храброста!

Фотографии од партизани направени за време на Народноослободителната борба во Втората светска војна.