СДСМ: Итни реформи во образовниот систем(видео)

 

Итна  деблокада на  Собранието и формирање на  нова реформска Влада, којашто ќе почне веднаш да работи на последиците од катастрофалните образовни политики на досегашната власт-побара СДСМ.

,,Во прашање се нашите деца!“-рече Петар Атанасов од комисијата за образование на СДСМ.

,,Две релевантни меѓународни институции, ОЕЦД и Светската банка излегоа со многу загрижувачки податоци – дека повеќе од 2/3 од учениците на возраст од 15 години се функционално неписмени!

Истовремено, учениците од Македонија покажале меѓу најслабите резултати според светски релевантната организација ПИСА, на тестирањето по наука, математика и читање со разбирање!

Министерството за образование секоја година добива негативни оценки во извештаите на Европската унија дека нема капацитет за големи реформи. Образовните институции се неповрзани и неспособни.

Недостигот на стабилен и сериозен образовен систем се скрши врз грбот на децата кои станаа жртви на неписмените образовни политики на досегшната власт.

Затоа мнозинството граѓани избраа промени и тие мора да се случат!“-вели Атанасов.

 

 

,,Нашата цел е да воспоставиме современ образовен систем, во соработка со сите засегнати страни, професорите, наставниците, родителите, учениците и по успешен европски модел што одговара на приликите во нашата земја.

Прво, мора веднаш да се отстранат погрешните проекти и штетните експерименти како екстерно тестирање, дисперзирани студии, катастрофални учебници, казните за наставниците и лошите закони.

Второ, мора да обезбеди квалитетна образовна структура што ќе може, ќе знае и ќе сака да го постави образовниот систем на здрави нозе. Програмата на новата Влада вклучува и нов Институтот за развој на образованието и Центар за обезедување на квалитет.

Трето, образованието треба да дава доволен образовен потенцијал што ќе им помогне на младите да се адаптираат во времето и да се вклучат на пазарот, во согласност со економијата во државата. Тоа ќе го постигнеме со реформа на средното стручно образование“-рече Атанасов.