СДСМ и движењето БЕСА испишуваат нова историја на политичката мапа во Северна Македонија.

Водителките на настанот двојазично, на македонски и на албански јазик, ја претставија коалицијата постигната меѓу лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на движењето БЕСА, Билал Касами.

Првин зборуваа секоја на својот мајчин јазик, а потоа секоја од нив ги поздрави присутните на јазикот што не им е мајчин.

,,Рамноправен развој на сите сфери во целата држава“-промовираа СДСМ и движењето БЕСА.

Во позадина беа поставени државното знаме, националното знаме на Албанците на НАТО и на ЕУ.

СДСМ и БЕСА потпишаа заедничка изјава, документ, за партнерство во наредните 4 години, со обврзувачки карактер.

АКО.мк