СДСМ и ДУИ ќе ги продолжат разговорите

Неизвесноста околу состав на нова Влада продолжува. Двете работни групи од СДСМ и од ДУИ , кои се сретнаа во хотелот Холидеј Ин не откриваат детали за разгодворите, туку по средбата информираат дека имале конструктивен разговор кој ќе продолжи во партиите.

Целта ни е да ја надминеме оваа политичка криза и да најдеме решение за наметната состојба од претседателот Иванов, -рече Шеќеринска.

Теута Арифи не пропушти да каже дека се знаат условите под кои треба да се водат разговорите, но дека последниот збор го има претседателството на партијата.

Од СДСМ во делегацијата беа покрај Шеќеринска, Оливер Спасовски и Рената Дескоска, а од ДУИ покрај Арифи, Невзат Бејта и Иџет Меџити.

Фото: СДК