СДСМ: Како што тргнала ДУИ до крајот на кампањата ќе се преименува во Националистички радикали за дезинтеграција

Реакција на СДСМ на СДСм на денешната презентација на програмата на кандидатот за премиер на ДУИ:

,,ДУИ денеска и официјално се откажа од концептот едно општество за сите.

Жалиме што ДУИ се служи со ваква националистичка реторика и ги поткопува придобивките од Охридскиот Рамковен Договор.

Времето за поделби е одамна завршено

За Коалицијата „Можеме” и СДСМ одамна не е важно кој на кој етникум припаѓа, туку колку е способен и работи во функција на „едно општество за сите” и сигурна иднина на граѓаните.

Како што тргнале ДУИ, до крајот на кампањата ќе си го сменат и името на партијата. Од Демократска унија за интеграција ќе станат Националистички радикали за дезинтеграција.

СДСМ останува столбот на стабилноста, на обединувањето, на заедништвото, на напредокот, на иднината“-се вели во реакцијата на СДСМ.