СДСМ: Кочан се гони заради криминал,а не заради ТВНова

,,СДСМ како политичка партија секогаш се залагала и ќе се заложува за слобода на медиумите и објективно, професионално и непристрасно известување на медиумите.

Апсурдни се обвинувањата на телевизијата НОВА дека СДСМ била против слобода на изразување, само затоа што нивниот сопственик, Сеад Кочан, бизнис партнер на Никола Груевски е осомничен за криминал“-се вели во реакцијата на оваа партија по обвинувањата од телевизијата дека притворот на Кочан е заради патриотизмот и професионалноста на неговиот медиум.

СДСМ јасно е определена за независни медиуми што ќе ја гарантираат слободата на мислата и изразувањето, исто како и за независно судство, кое што ќе обезбеди правда во Македонија, затоа што независноста на институциите во државата се темел на демократијата-се вели натаму во реакцијата на СДСМ.