СДСМ: Милошоски лаже, никој не е гласаше против Македонија

,,Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски повторно е фатен како ги лаже граѓаните.

Тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, немаат идеја, немаат програма, шират лажни вести, безобрано и дрско лажат.

Не е точно дека која било држава e против Република Северна Македонија да започне преговори за влез во ЕУ, како што лаже Милошоски.

Напротив, ниту една земја членка не била против нашата земја.

Во заклучоците на Советот на министри на ЕУ одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

Заклучоците на Советот, како и најпозитивниот Извештај на Европската комисија се јасно и недвосмислено признание за постигнатите успеси на Владата предводена од СДСМ.

Недостојно и недозволиво е пратеник да ги лаже граѓаните за теми кои се поврзани со остварувањата на врвните национални и државни интерес како интеграцијата во ЕУ.
Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник за која што не е достоен да ја извршува“-реагираат од СДСМ.