СДСМ: Нема БСЖ вакцини за новороденчињата(видео)

 

Д-р Ангелчо Андоновски, член на Комисија за здравство на СДСМ, пред Клиника за гинекологија покажа документи од кои се гледа дека новороденчињата ги отпуштаат од таму без задолжителната БСЖ вакцина.

Од оваа Клиника за гинекологија, новороденчињата веќе 4 месеци се испуштаат без примена вакцина против туберкулоза, или позната во јавноста како БСЖ-рече Андоновски.

Тој покажа копии од картончиња од пуштени новороденчиња дома, на 13 и 14 февруари, каде што јасно се гледа дека не им била ставена  вакцина против туберкулоза.. До овој момент вакцини нема.

,,Ова е доказот дека се испуштаат бебињата без примена вакцина BCG. Овде јасно е заокружено едно големо не!

Иако е најпрепорачливо новороденчињата да бидат вакцинирани против туберкулоза веднаш по раѓањето, родителите не можат да ги однесат на вакцина бебињата ниту во диспанзерите. Според информациите што ги имаме нема BCG вакцини ни во поликлиниката Битпазар, ни во Идадија, ниту во поликлиниката Букурешт, а дури ни во поголемите градови ширум Македонија.

Најскандалозно е тоа што Никола Тодоров знае дека нема BCG вакцин. Токму сопругата на неговиот советник се породувала тука на Гинеколошката клиника, пред три недели, кога била дигната фама дека бебето на советникот на Тодоров, треба да биде испишано без примена BCG вакцина. Тогаш веднаш била донесена доза од којашто биле вакцинирани и другите 30 новороденчиња, кои имале среќа да се таму кога се родило бебе на советникот на Никола Тодоров,,-рече д-р Андоновски.