СДСМ: Никој повеќе не му верува на обвинетиот Груевски

По повикот на Груевски до СДСМ и до Заев да го уапсат и него и целиот врв на ВМРО ДПМНЕ, ако е тоа цената да се сочува унитарноста на државата, како и да  се откажат од Платформата , а за возврат тој и неговата партија да ја подржат малцинската влада на СДСМ, од оваа партија му одговорија дека наскоро Македонија ќе добие Влада на граѓаните ,а тој ќе се соочи со правдата.

Граѓанска и единствена Македонија чекори кон подобра иднина за сите, и ниту една лага на Никола Груевски тоа нема да го спречи.

Мнозинството граѓани, над 612 000, храбро и сплотено избраа промени, избраа живот и подобра иднина. Мнозинството граѓани гласаа за ставање крај на коруптивниот режим на Груевски и фамилијата. Македонија наскоро ќе добие влада на граѓаните.

Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси.

Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални и семејни трагедии што им ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија.

Лагите на обвинетиот Груевски за наводни редефенирања, федерализации и кантонизации на државата се последица на стравот од соочување со правдата која доаѓа.

Никој повеќе не му верува на обвинетиот Груевски. На граѓаните на Македонија им е јасно дека под закана се само привилегиите на Груевски и фамилијата-се вели во реакцијата на СДСМ.