СДСМ од Прилеп:11-ти декември нека биде нов 11-ти октомври

„Подготвени ли сме за новиот 11-ти октомври? 11-ти декември нека биде новиот 11-ти октомври! Затоа и ја почнуваме кампањата во слободарскиот Прилеп. Затоа што во Прилеп – победуваме!“-рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на првиот митинг во Прилеп, со што започна изборната кампања за предвремените парламентарни избори.

Појавувањето на Заев на бината беше дочекано со скандирање од присутните ,  а водителот на програмата го најави  како новиот премиер на Република Македонија.

Заев уште еднаш го повика  лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, конечно да прифати дуел со него ,  за да може да му  ги постави директно прашањата на кои мора

,,Тој ќе бега, но тоа нема да не спречи да ги запреме. Го дигнавме гласот одамна. Сите после тоа се охрабрија. Бевме по сите сокаци и улици низ земјава. Шарената револуцијата го одбележа нашиот пркос. Сега сме во финале-рече Заев и додаде дека  мора да  запрат солзите на нашите сограѓани, чии деца бегаат во странство од оваа беда. Ова е криминална влада. Тие направија државен удар, сите не прислушувале – рече Заев.

Тој праша…

– Дали сакате уште 4 години режим? Народот јасно кажа овде, во Прилеп, дека не сака, затоа на 11 – ти декември покажете декка вашиот избор за живот е овде, во Македонија -рече Заев.

За Заев  Груевски е криминалец, бандит и мафијаш,  а го обвини дека изнел 5 милијарди евра народни пари од државата.

„Сите што краделе, ќе одговараат и ќе ги вратат украдените пари!“-изјави Заев.

Заев им се обрати и на неопределените, на корисниците на субвенции, на социјална помош, на вработените во администрацијата и буџетските корисници, како и на малите бизнисмени, дека се сите „исправени пред одговорноста за иднината на Македонија и на следните поколенија“.

На митингот зборуваа и Сузана Трајковска, жителка на Прилеп, која низ приказната за судбината на нејзиното семејство, го илустрираше животот во Македонија во последните 10 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, како и кандидатите за пратеници од Прилеп, Кети Смилевска и Хари Локвенец. На крајот на митингот беа претставени и сите шестмина носители на партиските листи на опозицијата, покрај Заев и Стево Пендаровски, Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски.