СДСМ подготви нов Закон за здравствено со кој сите осигуреници ќе имаат бесплатно болничко лекување

 

Доктор Злате Мехмедовиќ денеска соопшти дека СДСМ подготви Предлог законот за измени и дополнувања на законот за здравствено осигурување, со што ќе се обезбеди бесплатно болничко лекување за сите осигуреници.

,,Овој предлог закон е еден од првите што ќе ги поднесеме во Собранието, затоа што наша цел е сите граѓани да имаат достапни болнички услуги.

Со измените, целосно ја укинуваме болничката партиципација за сите осигуреници. На овој начин никој нема да остане без потребната болничка услуга затоа што нема да плати.

Според официјален извештај на Фондот за здравствено осигурување за 2016 година, 220.000 граѓани лани користеле болничко лекување. Може само да се претпостави какво финансиско олеснување би било за осигурениците, ако не требале да платат болничка партиципација“-рече Мехмедовиќ.

 

 

 

Според  проценки околу 420 милиони денари годишно досега граѓаните плаќале за да се лекуваат во болниците.
Сега, како што е предвидено во Програмата на новата Влада, а тоа е преточено и во законот, овие трошоци на граѓаните ќе ги покрива државата-изјави Мехмедовиќ.