СДСМ: Политички притисок од директор врз ученици е кривично дело

Недозволиво е директори да повикуваат ученици да бојкотираат настава за да бидат дел од протести на кои се поттикнува и шири етничка и национална омраза. Тоа е кривично дело!-реагираат од СДСМ.

,,Најостро ги осудуваме притисоците како тој на директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“, Кирил Николоски, кој , како што можеше да се види од видеото кое што излезе во јавноста, прави притисок врз ученици да протестираат. Институциите се должни веднаш да реагираат.

Новата реформска влада ќе го врати достоинството на образовните институции и ќе ги спречи ваквите скандалозни злоупотреби“-се вели во соопштението на СДСМ.