,,Домашната и меѓународната јавност очекуваат смирување на тензиите и овозможување услови за работа на новиот собраниски претседател и избор на новата реформска Влада.

Укажуваме дека ова е врвен државен интерес и дека секое попречување е тешко противуставно кривично дело.

Потсетуваме дека нарачателите и извршителите на обидот за убиство на пратеници во Собранието, како и насилието врз новинари и вработени во Парламентот, ќе одговараат за своите постапки.

Денешната насилна реторика на организаторите на протестот и паралелните пораки по социјалните мрежи на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кои поттикнуваат немири со лаги е уште една потврда за синхонизираното, организирано крваво сценарио во Парламентот со што е направено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и бебзбедноста, за што казните се повеќегодишни и затворски.

Неопходно е лидерите на сите партии, институциите, граѓаните кои се злоупотребени на протестите да го сфатат својот дел од одговорноста и да овозможат продолжување на демократските процеси.

Парламентарното мнозинство,  законскиот и легитимен избор на новиот собраниски претседател, исклучиво според Деловникот, Уставот и законите ќе ја избере и новата реформска Влада.

Секое попречување на мирниот транфер на власта е противуставно дело и подлежи на казни-предупредува СДСМ во соопштение.