СДСМ предизборно меѓу дијаспората

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија.

Целта на посетата на делегацијата на СДСМ на Швајцарија се средби со граѓаните од дијаспората во оваа земја.

Вчера, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, Заев имал средба со градоначалникот на Ешалон, по што се сретне и со високи претставници и пратеници од Социјалистичката партија на Швајцарија.

Заев одржа Трибина со граѓаните од Македонија кои живеат и работат во Швајцарија.

Денеска, делегацијата на СДСМ ќе ја продолжува посетата на Швајцарија со средби со дијаспората во Берн, како и во Локарно, каде што СДСМ веќе има форморано своја партиска организација.