СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста

 

СДСМ побара од град Скопје и од Владата да воведе сет мерки за да се намали загаденоста во Скопје, која во континуитет е енормна и опасна.

СДСМ предлага:

1. Веднаш да се воведе бесплатен јавен превоз за сите граѓанина Скопје.
2. Под итно, времено да се запрат сите градежни активности на територијата на градот.
3. Да се воведе времена мерка за обврска од најмалку тројца патници во еден автомобил, aво спротивно автомобилот да биде исклучен од сообраќајот.
4. За да се заштитат децата и нивното здравје, училишниот распуст да почне порано од предвиденото.
5. Наместо греење за демонстрантите пред ДИК, власта да обезбеди греење за социјално најранливите категории на граѓани.

Ова се интервентни мерки кои што Градот Скопје и Владата треба да ги обезбедат во најкус можен рок. Но покрај краткорочните мерки, потребни се и долгорочни мерки за да се намали загадувањето на воздухот.

Токму затоа, новата влада предводена од Социјалдемократскиот сојуз, рече Дамјан Манчевски, ќе воведе целосна гасификација на Скопје, но и на другите градови. За најголемите загадувачи ќе обезбедиме субвенции за најсовремени филтри. Преку двојното зголемување на задолжителното зеленило во Законот за просторно и урбанистичко уредување ќе обезбедиме враќање на зеленилото во градовите. Ќе субвенционираме фотоволтаични уреди за домовите и куќите за да граѓаните го користат сонцето како енергенс. Ќе субвенционираме 20% од трошоците за енергетски изолациски материјал на постоечките објекти-рече Манчевски.

СДСМ смета дека проблемот со загадениот воздух е резултат на сите погрешни политики на локалната и на централната власт. Потребна е сериозна и долготрајна стратегија за надминување на овој проблем. Но, пред се потребни се промени. Промените на централно ниво станаа реалност. Со оглед на резултатите од парламентарните избори, граѓаните на Скопје ќе донесат промени и на локално ниво-изјави Манчевски.