СДСМ се обврза на бескомпромисна борба против криминалот и криминалците

Централниот одбор на СДСМ во проширен состав, со пратеници, градоначалници, претседатели на ОО, министри, СДММ и Форум на жени, донесе Декларација со која што го задолжи највисокото раководство на СДСМ, кое истовремено е највисоко раководство на владата, на државата, да продолжи со бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, како и јакнење на правната држава преку создавање на услови за целосно владеење на правото.


,,Последните случаи покажуваат дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција.

Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.

Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.
Разгледувајќи ја актуелната состојба Централниот одбор го реафирмира ставот дека како државотворна и одговорна партија СДСМ нема да дозволи деструкциите и обидите за закочување на напредокот и реформите кои што ги прави Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да успеат.

СДСМ ќе направи сѐ, реформите ќе продолжат, напредокот ќе продолжи, Република Северна Македонија ќе успее“-изјави Генералниот секретар, Љупчо Николовски.

Д е к л а р а ц и ј а 
За бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата


Свесни за значењето на владеењето на правото и правната држава,
Свесни дека криминалот и корупцијата претставуваат огромна закана за владеењето на правото, демократијата, човековите права и правдата и закана за економскиот развој и функционирањето на пазарната економија,
Свесни за штетните последици од корупцијата врз поединци, правни лица и државните институции,
Се обврзуваме на наша целосна посветеност:
– На јакнење на институциите и системот на државата
– На борбата против криминалот и криминалците
– На почитување на интегритетот во извршувањето на функциите
– На транспарентно, отчетно и одговорно работење,
Даваме целосна поддршка на институциите на државата за бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата и
Потврдуваме дека наша цел секогаш била и останува владеење на правото, правда за сите, правичност и доследно почитување на човековите права!-стои во Декларацијата.