Силни полемики на социјалните мрежи предизвика најновото пропагандно видео на СДСМ по повод две години власт.

Граѓани го прашуваат премиерот Зоран Заев , каде се тие 480 километри патишта, а некои предлагаат со нивно возило да тргнат низ Македонија и да им ги покаже.

Во видеото на суптилен начин се нотирани и 23 нови градинки: ,,децата ДОБИВААТ 23 нови градинки“ , се вели во пропагандното видео.

Пред една седмица СДСМ одбележа две години откако се на власт.