СДСМ се шири во дијаспората

Претставници на СДСМ во Дортмунд и Бремен имаa работни средби со државјани на Македонија кои живеат и работат во Германија-информираат од оваа партија.

На средбата членот на Извршниот Одбор на СДСМ, Аднан Џафероски, ги запознал присутните со актуелната политичка состојба во Македонија, како и за Планот за Македонија кој СДСМ го донесе на тематскиот конгрес.

Присутните граѓани од Македонија, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби и Бошњаци и Роми, ги истакнаа нивните проблеми и прашања со кои се соочуваат поврзани со односите со својата татковина, Република Македонија.

Посебно беше нагласена важноста на дијаспората во наредниот период, во заложбите за спас на нашата земја.

За таа цел формиран е Иницијативен Одбор на СДСМ во Бремен, Германија.

Пораките од нашите иселеници во дијаспората се – „подготвени сме да и помогнеме на нашата заедничка татковина“, „доста е поделби, сакаме општество на еднакви”, „сакаме држава со која ќе се гордееме”.

Беа разменети и идеи и размислувања со дијаспората околу нивната важна улога во обнова на државата и општеството после изборите на 11 декември, при што од страна на членот на ИО беа истакнтати неколку важни чекори и мерки кои новата влада на СДСМ ќе ги превземе веднаш по победата на 11 декември, а се поврзани со дијаспората – се вели во соопштението на СДСМ.