СДСМ: Станови за мигранти постојат само во главата на Груевски и пропагандата на ВМРО ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ очајнички продолжува да шири лажни вести за наводни населувања и вработувања мигранти, тема што постои единствено во пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ и Стефанова залудно се обидуваат преку лажни вести да го прикријат лошото и криминално работење на градоначлниците од нивните редови. Стопати повторената лага од ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да стане вистина, исто како што нема да станат вистина бегалските кампови и станови за мигранти со кои ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да внесе вознемиреност кај граѓаните.

Граѓаните ги препознаваат и се исмеваат со лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Никој повеќе не верува во нивните лаги додека на виделина излегуваат криминалите на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, на неговиот братучед Сашо Мијалков и на дел од градоначалниците и поранешни министри од ВМРО-ДПМНЕ кои тргнале по нивните криминални стапки-се вели во реакцијата на СДСМ.