СДСМ ќе ги враќа работничките права на рударите

СДСМ ќе ги врати старите права на рударите и ќе гарантира просечна плата од 30 000 денар-рече лидерот Зоран заев во Македонска Каменица.

На рударите Заев им вети:

„Ќе го вратиме стариот закон за пензионирање на рударите, не може бенефициран стаж да има секој, а рударите да се мачат“.

Претседателот Заев зборуваше и за клучниот темел во Планот на СДСМ, младите.

„Останаа и овде во Македонска Каменица родители солзи да леат, по скајп да ги гледаат своите деца. Ние се што имаме проектирано се однесува на нашата младина. Ако Груевски потроши 700 милиони евра за споменици и фонтани, и јас ќе потрошам 700 милиони евра, но за нови работни места. Сите ресурси на државата ќе бидат насочени кон отворање нови работни места. Просечната плата ќе биде 30 илјади денари, семејство со двајца вработени ќе има 60 илјади денари пари“, рече меѓудругото претседателот Заев на вечерашниот митинг во Македонска Каменица да изберат живот во Македонија.