СДСМ ќе го прифати предлогот на Иванов Ангеловска-Бежовска да биде идниот гувернер на НБ

„На позицијата гувернер потребно е да застане човек кој ќе ја гарантира независноста на институцијата, кој ќе се грижи за развој и унапредување на банкарскиот систем и за финансиската стабилност на државата и кој ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните на Република Македонија. Пратеничката група на СДСМ и Коалицијата  позитивно гледа на новиот предлог на претседателот Иванов. Лично сметам дека г-ѓа Анита Ангеловска-Бежовска, којашто е докажан експерт и професионалец во својата област,  ја заслужува нашата поддршка“, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

Бежовска е втор предлог на претседателот Иванов, откако не помина предлогот Димитар Богов да добие втор мандат.

Таа ја извршува функцијата вицегувернер на НБРМ.