СДСМ ќе го укине екстерното на првата владина седница

Социјалдемократите ветуваат дека на првата владина седница ќе го укинат екстерното тестирање.

Квалитетот на наставата ќе го обезбедуваат преку награди, а не преку казни. Најдобрите наставници и училишта ќе бидат јавно наградувани.

Од оваа 2017 година нема екстерно тестирање и стрес за учениците, наставниците и професорите-пишува во соопштението на СДСМ.

Според нив, екстерното тесритање е еден од најлошите потези во образованието во Македонија, што не донесе никакви резултати во образовниот процес, освен што ги истрауматизира децата и учениците. Исто така и служеше на досегашната неодговорна власт за притисоци врз наставниците и професорите.

10-годишната власт во заминување експериментираше со образованието и затоа го уништи до темел.

За многу брзо време тоа завршува. Екстерно тестирање нема да има.

Ќе обезбедиме квалитетно образование преку примена на успешен европски модел.

Ќе го намалиме бројот на предмети со коишто се сега непотребно преоптоварени учениците. Ќе го намалиме и бројот на ученици во паралелка, најмногу на 25-мина, со цел квалитена настава.

Ова се само дел од реформите во образованието што ги ветува СДСМ.