Сеад Кочан на распит пред судија за незаконски тендер од 17 милиони евра

Сопственикот на ,,Трансмет“ Сеад Кочан, које е еден од тројцата осомничени за фалсификувана документација за учество на тендер вреден повеќе милиони евра, се појави пред истражен судија да даде исказ по сомнежите на СЈО.

Како што објави пред два дена на прес конференција Специјалното обвинителство, компанијата „Трансмет“ во 2012 година со државната ЕЛЕМ потпишала договор за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето на Микролокација 3 во Рудник „Суводол“, во  износ од 19,2 милиони евра . ЕЛЕМ на овој тендер добил 6 понуди, а договорот го склучил со „Трансмет“ и со Силекс неметали, а како подизведувач се јавува приватната фирма под Студеничано Вато. Трансмет, за ископ на јаглен и јаловина од свлечиштето  во рудникот „Суводол“ потпишала договор и во 2013 година со вредност од 38,4 милиони евра. Второ и трето осомничени се директорот на „Силекс неметали“,  Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ.

Сите тројца се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Предмет на набавката била дробилица за ископ во јаловина во РЕК Битола.Овие три компании на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“.

Сеад Кочан е сопственик и на телевизија Нова, која пред изборите минатата година, кои потоа беа одложени, доби експресна лиценца и почна да работи опремувајќи ја со современа и скапа техника.