Севернокорејците воскликнуваа за водачот со медицински маски на лицето(видео)

По неколкунеделни нагаѓања дали лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е жив, државната телевизија објави видео снимка на која тој наводно сече црвена лента за отворање на фабрика, а мноштво народ воскликнува по својот водач.

Водачот е насмеан, но сепак несигурен во движењата, што дополнително ги разгоре претпоставките за неговото здравје и целата приредена еуфорија на државната севернокорејска телевизија.

Во Северна Кореја нема официјално пријавени случаи на КОВИД 19.