Северна Кореја подготвува нова нуклеарна проба?

Резултатите од анализите од неодамна направени сателитски снимки предизвикуваат загриженост дека Северна Кореја подготвува нов нуклеарен тест или лансирање на далекуцелни ракети, предупредија денес експерти од американско-корејскиот институт „Џон Хопкинс“.

Шпекулациите дека Пјонгјанг подготвува лансирање поврзано е со утрешната прослава од основањето на Работничката партија на Северна Кореја.

Поранешните нуклеарни или ракетни проби често се правени на клучни политички датуми во државата.

Петтата нуклеарна проба минатиот месец е направена на годишнината од оснивањето на Република Северна Кореја.

Последните сателитски снимки се од 1 октомври и на нив се гледаат сандаци на лансирни места, веднаш до ракетните рампи и возила крај магацините со гориво.

„Со оглед на фактот дека лансирната рампа и другите структури кај лансирното место се прекриени, нејасно е дали активностите се поврзани со подготовки за истрелување или можеби други операции.“, велат аналитичари.